БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Крум Николовски: Од Маршот за правда спечалија сопствениците на автобусите и производителите на сендвичи

Пренеси го гласот

НИЗ МОЈОТ ЏАМОГЛЕД 76

А П С У Р Д И С Т А Н

Отприлика тоа би било најточното име на нашата жална Македонија. Тука се случуваат работи кои никаде на светот ги нема. Ниту можат, ниту има место сите да се наведат. Да почнам од последниве две.

Завчера власта организираше Марш за правда!

Интересно, власта прави марш против самата себе. Маршутата, симболично- од Собранието до министерството за правда. Логично беше маршот да продолжеше до затворот во Идризово, демек по тој пат треба да одат оние што ги кршат законите. Кој печали од овој марш? Сопствениците на автобусите и производителите на сендвичи. За учесниците на ,,походот,, сето тоа беше бесплатно. Се разбира платено од даночните обврзници. По апсурден настан од овој одамна немало. За во иднина којзнае… ама така наредил лидерот.

На 12.04.2020 ке има ПРЕДВРЕМЕНИ собраниски избори.Од 2006 -петти по ред, 14 години сме немале редовни. Ова е можеби поголем апсурд и од првиот. Власта има 2/3 -ско мнозинство во Собранието и замислете прави -избори! Зошто? Затоа што лидерот Заев ,како што рече, бил скршен зошто не сме добиле ДАТУМ ЗА ДАТУМ за отпочнување на преговори за влез во ЕУ.

Тој можеше од морални причини да поднесе оставка на функцијата Претседател на владата,со тоа паѓа целата влада,но се избира нова.Не се потребни избори. Жално е во најсиромашната земја во Европа речиси секоја година да има избори. Но така рекол лидерот! Кај нас непостојат партии каде мнозинството членови одлучуваат. Одлучуваат само лидерите. Ти се СЁ! Така ке биде уште многу време. Таков менталитет имаме. Тоа најдобро го опишал српскиот писател Радоје Домановиќ во неговиот антологиски расказ “Водач”. Беше тоа некогаш задолжителна лектира.

Прочитајте го, 90% ке се пронајдете таму.

Пишува: Крум Николовски

Креирано од:


Пренеси го гласот