До нашата редакција пристигна реакција на жител на Штип кој што реагира во однос на злоупотребата на нововработените во јавниот сектор за потребите на настанот за отварање на партиски штаб на СДСМ на плоштадот во Штип.
Истата ја пренесуваме во целост:
Почитувани сограѓани,
Однесувањето на власта ги помина границите на нормалното! Преку чистењето на плоштадот, власта ја докажа својата несовесност! Очигледно граѓаните не се на прво место за оваа владеачка гарнитура.
Онаму каде секојдневно си играат нашите деца, таму каде со години не поминала човечка рака да обезбеди здрави услови за најмладите, денес беше уредно исчистен од страна на јавното претпријатие.
И ова немаше да биде толку чудно и нереално, доколку попладнево не се отвора изборниот пштаб на СДС на плоштадот Слобода.
Меѓутоа, тоа не е се‘! За обезбедување на соодветни услови во штабот, ангажирана е нововработената администрација во локалната самоуправа. Значи, државните службеници, во работно време се партиски ангажирани. Оние кои земаат плата на сметка на граѓаните, денес си ги извршуваа партиските задачи.

Лицемерието во СДС стигна до таму, што пред избори беа против партизација на институциите и беа за одделување на партијата од државата, но днешниот пример е доказ дека направиле унапредување во оваа област. Ова безредие и безвластие не само што се шири во секој сфера, туку веќе удира по џебот на граѓаните.
Така, денес штипјани од свој џеб ја платија водата и платите на ново вработените во општината, со цел успешно отворање на партискиот штаб на СДС! “

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година