Интегрален текст на орес конференција на Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип:
Ни врапче во рака, ни гулаб на гранка“!
Само вака може да се опише она кое ни се случува во нашиот град. СДС ветија дека наместо карго аеродром во близина на Штип, нашата општина ќе добие средства за изградба на водовод или канализација. Меѓутоа, неспособната локална власт, очигледно не може да се избори ни за основните потреби на своите граѓани.
Затоа, градоначалникот е должен да излезе пред јавноста и да каже:
Дали општината воопшто аплицираше за добивање на овие средства?
Дали Општина Штип има добиено пари како компензација за карго аеродромот?
До каде е со реализацијата на Линија 2?
Дали со неизградбата на Линија 2 со резорвоар во нас. Пребег и Мерите, се кочи градбата на комплексот Кежовица?
Каков е интересот на Бочварски да не инсистира на овие средства?
Во интерес на транспарентноста кон граѓаните, го повикуваме лично Бочварски да одговори на овие прашања и да приложи документи со кои ќе ја докаже вистинитоста на неговите искази.”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајдена марихуана кај 17 годишник од Штип по што лицето било приведено
67 годишен жител на Кочани лишен од слобода по претходна пријава од сопругата за упатување закани
43 годишна жена од Берово физички нападната од нејзиниот сопруг