БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Крум Николовски: ЗАФИР И МАРТАЦИТЕ (ЧАКМИТЕ)

Пренеси го гласот

ИСТОРИСКИ ЗВРЧКИ LXXIII-дел

ЗАФИР И МАРТАЦИТЕ (ЧАКМИТЕ)

Зафир целиот свој живот го помина во с.Косово Дабје (Шопје). Проживеа околу 80 години и од 2005 ги ора небеските ниви.

Околу 1965-66 г.почнал да прави племна. За таа цел “украл” (тогаш се крадеше само од сопственото) 50-тина мартаци-чакми. Се разбира немал пари за маркирање, а ниту пак можел да добие дозвола. Не смееше да се сече дрва.

Приквечер видел дека еден негов комшија (не го пишувам името) како забрзано оди низ ридот за Делчево. Му текнало дека ке оди да го наклевети кај шумарот Ѓорѓи.

Се стемнило и огреала полна месечина. Времето е почеток на октомври. Откако дошло полноќ, сите спиеле, Зафир ги впрегнал воловите, тој ора, жена му Роса ги води. Изори бразда, стави мартаци во неа. Со втората бразда ги затрупувал и се така додека не ги скрил сите. Орал, речиси до сабалје за да не биде сомнително, демек нормално орање.
Еве ти го рано сабалје шумарот Ѓорги. Тој беше човек кој “до стапка” го знаеше теренот. Крадците на дрва немаа дерман од него. Доаѓа кај Зафир и пред да влезе во трошната куќа,шета околу ,но од мартаци ни трага..А не е тоа игла да ја сокриеш.Тоа се колку-толку прави дрва со должина од околу 7-8 метри.
Прави неврзан муабет со Зафир, ништо не му спомнува за мартаци. Така последователно доаѓа кај него три дена.На третиот ден му вика. “Зафире, дека си секол дрва сум сигурен. Човекот што те наклевети ми е од доверба, но каде се мартаците? Зафир се брани, дека е наклеветен за ништо, бидејќи не секол дрва.

На крајот Ѓорги го убедува Зафир да му каже дека се сокриени дрвата а тој нема да го казни. Само да дознае, за да го користи тоа кај други луѓе. Кутриот Зафир, му поверувал на шумарот(Ѓорѓи беше мајстор на “убави” зборови). Со копач во рацете,тргнуваат кон ораната нива (во близина на куќата). Зафир со копачот му откопува, Ѓорги гледа. Се поздравиле, усниот “договор” останал во важност само два дена. Зафир за мартаците отсечени од сопствената шума одлежа “кај Генчо” 4 месеци!

Пишува: Крум Николовски

Креирано од:


Пренеси го гласот