Во периодот од 8ми јули до 21ти јули 2018, Пелагонискиот Регион, а посебно Крушево ќе биде арена во која што ќе се натпреварува светската елита од 150 пилоти, а Република Македонија по втор пат ќе биде во фокусот на светската воздухопловна спортска јавност и домаќин на околу 200 учесници, пилоти и официјални гости кои што ќе престојуваат две недели во Крушево за време на натпреварите.

Стартните локации на натпреварот ќе бидат во Крушево на Мечкин Камен, а во регионот на Прилеп, с. Кривогаштани и регионот на Битола се предвидени местата за слетување и крај (цел) на трките.
Овие две големи првенства ја ставаат Македонија на мапата на најпосакувани дестинации за спортистите и љубителите на слободно летање од Европа и ширум светот. Тоа претставува одлична можност за промоција на нашата земја не само како туристичка, туку и како дестинација со одлични услови за слободно летање, особено за организирање на натпревари од висок ранг.
Крушево ве очекува!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи
АД МЕПСО ДОДЕЛУВА 15 СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИТЕ ПО ЕЛЕКТРОТЕХНИКА
Министерот Клековски на Денот на здравјето на COP31: Здравјето мора да биде во центарот на климатската акција