БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кучешки живот или она кога истокот не те отпишува, а западот не сака да те запише…

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Она кога истокот не те отпишува, а западот не сака да те запише…

Македонија од памтивек била географски простор каде што се прекршувале интересите на западот и истокот.

Во време на СФР Југославија чиј што составен дел беше СР Македонија како политички ентитет државата имаше улога на тампон зона меѓу истокот и западот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Со распадот на СССР и распадот на југославија земјите од Балканот во целост ја примија определбата за интеграција со државите од т.н. западна демократија пред се во Европската Унија.

Тоа не ги поништува во целост луѓето кои живеат во овие држави а кои што имаат свој сензибилитет кон државите од т.н. источен блок (Русија, Индија, Кина…), но генералните политички определби на политичките актери базирани на определбите на мнозинството граѓани во државите на Балканот, вклучително и Македонија се дека иднината граѓаните ја гледаат во современа Европа чиј што организиран колективен политички субјект е Европската Унија.

И самата Европска Унија и тоа како има потреба од реформи и подобрувања на политичките односи во рамки на унијата, но демократските фундаменти на кои се базира ЕУ се вредности кои што заслужуваат Македонија како држава на европскко тло да биде составен дел од овој западен демократски свет со сите негови недостатоци.

#зезанција #ОдНемајкаде #кучешкиживот

Креирано од:


Пренеси го гласот