БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Културата вo Делчево живее на ниво на митови и легенди

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Деградацијата на општествената кохезија и целокупниот општествен живот во Делчево продолжува во актуелната политичка коњуктура!

Набројте ми 5 позначајни културни настани кои што се имаат случено во Делчево а да не се поврзани со политика.

Културата како еден од ретките кохезивни фактори на овој народ е во целост деноминирана а културните настани во Делчево живеат на ниво на митови и легенди.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Како резултат на ваквата состојба поделбите во руинираното општествено делчевско секојдневие се продлабочуваат, некохерентноста на општеството се шири, толеранција, дебата и борба на аргументи и вредности недостигаат налик див запад… политика и бизнис се крои по “салуни” одвреме навреме преку тресокот на сила и присила.

Постоењето на вистинска култура не е луксуз туку општествена потреба. Тоа не значи дека таа треба да биде социјална категорија целосно под патронажа на државата! Не! Државата треба да овозможи вистински демократски хабитат за воздигнување на автентична народна култура без сила и присила.

Граѓанскиот капацитет на Делчево (а таква е состојбата и во повеќето периферни општини во државата) е сериозно девастиран, што е одлика на штетната политико-кратија во која е заглавено нашето општество.

Демократијата како систем на вредности во историјата на ова Македонско тло не е многу позната по своите големи дострели. Наместо владеење на народот, во Македонија по радо владее политиката во форма на политико-кратија преку одреден идеолошки систем. И се додека народот како колективитет не ја свати својата вистинска моќ и улога во креирањето на своето секојдневие, се дотаму ќе имаме политико-кратија. А во коренот на таа состојба секогаш лежи сузбивањето и репресијата на слободоумноста која најдобро се манифестира преку културата на едно општество во кое сите губат, вклуително и оние его трип политико-крати кои стојат на врвот на политичката пирамида во државата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace