БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ласт Експедишн со нов спот и нова песна

Пренеси го гласот

Легендарната рок група Ласт Експедишн (Last Expedition) објавија нова песна со нов видео запис за истата.

Песната се вика едноставно Хеј Хо. Судејќи по наративот на текстот во песната оваа песна претставува продолжение на приказната која овој бенд ја започна во осумдесетите и деведесетите години од минатиот век кога пееја и свиреа за обични секојдневни работи со кои се соочува поединецот во напливот на општествени збиднувања околу него.

Звукот на песната е полн со свежина и енергичност што во секој поглед е добредојден на македонското осиромашено музичко море во кое пловат само неколку авангардни музички имиња.

Препознатливоста на “трзаите” на Сецко е присутна но сега со иновативно нов звук и суштина.

Музиката и текстот на песната се на Енко Хаџиќ. Аранжманот е компилиран од бендот.

Снимањето, миксањето и мастерингот се направени од Мите Димовски во неговото студио ТРАЛАЛА.

Режија на спотот е Дарко Антоновски, камера-Горан Наумовски и монтажа-Дарко Антоновски

П.С. Присуствував на последниот проштален концерт на Ласт Експедишн во МКЦ во почетокот на минатата декада. Уште тогаш не ми беше јасно зошто проштален? Кога луѓето (креативната енергија во бендот) имаа што уште да кажат.

Ова издание е потврда на тој мој тогашен сомнеж и им посакувам многу скоро издание на нов албум. Всушност со нетрпение го очекувам!

Креирано од:


Пренеси го гласот