Вчерашниот ден ќе остане запаметен како црн ден за демократијата во Република Македонија. Власта допре дното. Претепувањето на Миле и Спиро е акт на деспотизам и страв на власта која се плаши од неминовниот пораз од граѓаните.
Не помина еден ден откако ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека власта врши тортура и свесен линч и доказот за тоа го видовме вчера. Тепани и линчувани луѓе во притвор, како да се наоѓаме во Северна Кореја, а не на тлото на Европа.
Миле и Спиро, како и сите граѓани кои се влечат по затвори врз основа на рекла казала моабети и заради спротивни политички гледишта од тињ на власта се жртви на политчки прогон.
Зоран Заев, Рената Дескоска и директорите на Управата за извршување на санкции и притворскиот затвор ,,Шуто оризари” треба да понесат одговорност веднаш.
Недозволиво е притворени лица да бидат изложени на физичко линчување.
Одговорност мора да има.
Граѓаните ги прочитаа очајните обиди на Заев. Закрвувањето на општеството нема да му успее.
Зоран Заев и луѓето околу него кои учествуваат во овој прогон ќе одговараат кога ќе се врати правната држава.
-се вели во соопштението кое што ВМРО-ДПМНЕ го испрати до јавноста по повод немилите случувања во текот на вчерашниот ден кога во притворот во Шутка беа претепани поранешни високи функционери на партијата, а никој притоа не превзеде одговорност за инцидентот.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
СДС и грижа за спортот?
Јаневска: Со постоење на лажните дипломи, оние кои реално се градат интелектуално во своето образование ја напуштаат државата
Средба на Македонски пратеници со Пол Мекарти и Џејмс Карафано