БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

МВР демантира дека има трговија со органи во државата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По паничните објави на социјалните мрежи од голем број на граѓани дека во Македонија постои вадење на органи на луѓе од МВР се јавија со официјално соопштение во кое ги демантираат ваквите информации:

Целосно ги демантираме лагите и измислиците што неодговорни поединци ги шират по социјалните мрежи со цел да предизвикаат паниkа кај граѓаните. МВР ја гарантира безбедноста на граѓаните! Апсолутна лага е дека имало некакво вадење на оpгани или некакви слични дезинформации. Апелираме до медиумите и јавноста да се повикуваат на официјалните податоци на институциите и да се воздржат од шпекулации што можат да ја вознемиpат јавноста.

Статистичките податоци покажуваат дека не постои тренд на пораст во исчезнувањата, и дека во континуитет во последниве пет години пронаоѓањето на пријавените исчезнати лица се реализира со околу 94 отсто. Апелираме уште еднаш за воздржување од шпеkулации кои неосновано ја вознемируваат јавноста.

За оние пак кои со очигледна намера ја вознемиpуваат јавноста, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законите,

-се вели во соопштението на МВР.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace