Статус на фејсбук на Професорката Иванка Василевска:
Неколку работи кои ми се нејасни. Како “по Бога” на шљамот му беше допуштено да ги малтретира Миле и Спиро (подоцна разбрав за Ристовски)? Што правела затворската полиција? Како некој кој ја помина Шутка, можам слободно да ви кажам дека Шутка е држава во држава. Нема “цајкан” кој не е корумпиран. Истите се поврзани со високи структури на МВР и сите до еден работат на копче. Како политички активист, ве уверувам дека првиот ден кога ќе формираме Влада, ќе барам сите до еден да бидат ставени на дисциплинска и ќе летаат зад решетки. О, да, нема да молчиме веќе, ќе почнете багро да работите според Устав и закони, ќе излезете од мафијашкиот начин на функционирање и ќе бидете заменети не од партиски активисти и лепачи на плакати, ами од способни и совесни луѓе кои држат до себе и своето достоинство . Според мене, секој кој не го почитува правниот поредок, треба да одговара. Ако Миле згрешил, нека докажат, па нека биде правда. Вакви холивудски местенки, ваква парада, во ситуација кога ниеден фактор во државата не работи за доброто на граѓаните, оваа анархија, мора да биде сопрена. Што е ова сега? Го пуштивте екс премиерот да избега, за сега да го тормозите неговото робје??? Луѓе разбудете се, време е да се сопре ова зло, плативме огромна цена. Сиот овој прогон е за да ни ја утапкаат федерализацијата, да се испоколиме меѓу себе и да не избришат. Не бидете слепи, да не дозволиме! Право и правда за сите! И уште нешто, рибата смрди од главата, видете кои беа главните сомови и решена работа.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишени од слобода 11 возачи во тетовско, Кочани, Виница, Неготино, Кавадарци, ресенско, Прилеп и Струга затоа што управувале возило под дејство на алкохол, следува пријава
Лишено лице од слободата, примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
Скопскиот аеродром е апсолутен лидер во регионот со понудени 316 илјади повеќе седишта во прв квартал за 2026 година