Со превземањето на една од најробусните улоги во актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Министерството за транспорт но и како Вице-Премиер на владата на чело со Премиерот Христијан Мицкоски, Министерот за транспорт Александар Николоски е еден од најистурените политички чинители по учинок во Владата во интерес на подобрувањето на стандардот за живеење за граѓаните што е видлив низ призмата на секојдневната посветена реализација на мерки, политики и проекти низ цела држава.
Покрај широкиот фронт на работа во делот на патната инфраструктура низ државата и храбрите чекори за реализација на проектите од витален интерес на граѓаните и државата од сферата на патното поврзување, забележителен прогрес е направен во структурирањето на политиките од областа на авио сообраќајот со особено внимание и посветеност на Министерот Николоски кон унапредување на ефектите од географската местоположба на Македонија како крстосница за авионските линии во овој дел од светот.
Наспроти досегашната политика Македонските аеродроми да бидат појдовни станици за заминување, Министерот Николоски и Владата воведоа нова филозофија, Македонија да биде станица за пристигање на луѓе и патници. Оваа клучна промена во филозофијата на практикување на владините политики е битен новитет кој ќе ја позиционира Македонија како воздушно пристаниште за пристигање на голем број патници од важни европски па и светски дестинации.
Секако ефектите од ваквата политика најдиректно ќе се пресликаат преку влез на свеж капитал во државата низ понуда на туристички продукти од домашните туристички капацитети и економски оператори.
Индиректно преку воведувањето на евтини авионски линии од важни европски и светски центри на авио сообраќајот кои ќе пристигаат на Скопскиот и Охридскиот аеродром, ќе значи и евтини летови за Македонските граѓани кои ќе сакаат да патуваат во странство за различни свои потреби.
Последна информација од Министерството за транспорт за реформите во авиосообраќајот е дека се овозможени шест нови авио линии до европски и светски дестинации кои ќе остават забележителни финансиски ефекти за домашната економија.
Со почетокот на летниот ред на летање се воведуваат уште шест нови дестинации за македонските граѓани. Од Скопје, граѓаните ќе можат да патуваат кон Дубаи, Барселона, Истанбул, Штутгарт и Лион, а од Охрид кон Базел-Милхус. Оваа нова мерка на Владата и Министерството е дел од политиките за привлекување на нови патници на македонските аеродроми. Како што најавија властите, се очекува дополнително да се привлечат 200 илјади патници плус на годишно ниво. Разликата од претходните мерки за привлекување на нови авиопревознци е во тоа што сега Владата ќе субвенционира патници во доаѓање, а не како претходно во заминување, нешто што очекувано е да даде дополнителни резултати кои ќе го развијат авиосообраќајот во земјата, информираат од Министерството за транспорт.
Неодамна вицепремиерот и министер за транспорт Николоски изјави: Во моментов состојбата е дека во летниот период на летање од скопскиот аеродром оперираат 47 дестинации, а од охридскиот 8, додека во зимскиот 38 од скопскиот и 4 од охридскиот. Со овие 4 плус од скопскиот и плус 2 од охридскиот ќе се зголеми бројот на летови и бројот на туристи и ќе се постигне целта во 2025 година да имаме плус 200 илјади патници, истакна вицепремиерот Николоски и најави дека министерството работи на подготовка на нов јавен повик со кој дополнително се очекува да се обезбедат нови дестинации.
Оваа владина политка има за цел да го унапреди авиосообраќајот во Македонија и дополнително да ја зголеми конкурентската позиција на доамшните аеродорми.
Финанискста поддршка е обебзедна на ниво од 360 милиони денари за период од 2025 до 2027 година. Во однос на цената на билетите за новите дестинации се очекува цените да се движат меѓу 40 – 60 евра.
Овие нови дестинации ќе дадат нов инпут во развојот на авиосообраќајот имајќи предвид дека покрај привлекување на туристи, голем број гастрабајтери од Македонија живеат низ европските земји и светот и ова е исклучителна можност полесно и побрзо да се поврзат со Македонија и нивните семејства.
Зошто се значајни овие линии?
За прв пат охридскиот аеродром се поврзува со аеродромот во Истанбул, кој пак преставува хаб за земјите од Блискиот Исток и Азија генерално. Тоа би значело дека од Охрид преку Истабнбул би се патувало насекаде низ светот имајќи предвид дека аеродоморот во Истанбул е еден од најголемите со најмногу таканаречени “конектинг” летови.
Во однос на Скопскиот аеродром повторно се воведува линијата за Дубаи, дестинација која дава можности за отворање на нови бизниси за македонските компании да продаваат на тој пазар, а и инвеститори да доаѓаат во Македонија.
Понатаму, атрактивна дестинација е и Барселона која во претходниот период многу граѓани ја бараа и која исто така се очекува да донесе туристи од Шпанија. Исто така атрактивна де дестинацијата до Лион која за прв пат се воведува и со која диуректно се поврзува со Јужна Франција.
Генерално, со најавите на министерството за транспорт и овие политики во авиосообраќајот очекуваме Македонија да биде атратктивна туристичка дестинација за многу туристи од европа и светот.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Перински во Аеродром: Проект за нов лик и урбанизирање на просторот позади ТЦ „Капитол“
Перински во Аеродром: Заедно со граѓаните до поголем напредок на општината од секој аспект
Министерот Тошковски денес ги посети ДПД и ТППЕ Kочани: Ќе направам сè што е во моја моќ за да ги поддржиме овие храбри луѓе