Лишени од слобода се трите лица, чиј идентитет е утврден со помош на фотографии, објавени од МВР со одобрение од јавното обвинителство, а инволвирани во настаните во собранието од 27-ми април, информираше синоќа јавното обвинителство на Република Македонија.
Јавното обвинителство на Република Македонија изразува благодарност до сите совесни граѓани со чија помош е утврден идентитетот на лицата чии фотографии беа објавени. По наредба на ЈО, трите лица се лишени од слобода, се наведува во соопштението на ЈОРМ.
Фотографиите и повикот до граѓаните за нивно препознавање беа објавени согласно член 277 од законот за кривична постапка, по претходно дадено одобрение од основното јавно обвинителство скопје и во соработка со министерството за внатрешни работи.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!
АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
Денеска се одржа саем на женско претприемништво „ЕКСПО 2026“