БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Локалните власти го задолжуваат комуналното претпријатие во Делчево за наредните 18 месеци

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево ги обвини локалните власти во Делчево за ново задолжување на Јавното комунално претпријатие “Брегалница” Делчево од 7 милиони денари за набавка на ново специјализирано возило за прибирање на комунален отпад. Ваквото задолжување следува по опасноста од можни тужби на 81 вработен за неисплатените надоместоци по основ на колективен договор, за што претпријатието може да биде доведено во сериозна финансиска опасност.

Претседателот Ивановски исто така упати јавно сомневање дека правниот субјект кој го добил тендерот не ги исполнува условите наведене во огласот, но и покрај тоа одговорното лице во ЈКП Брегалница Делчево потпишал договор со ова правно лице.

“На директорот во заминување на јавното комунално претпријатие “Брегалница” на неполни три месеци пред одржѕување на локалните избори му текнало да набавува комунално возило за собирање на смет во вредност од 7 068 000 денари. На податоците кои се јавно достапни на електронскиот систем за јавни набавки се гледа скениран договорот помеѓу ЈКП Брегалница и правното лице Симпекс кое го добило тендерот. Во член 5 од овој договор јасно се гледа дека новото задолжување на претпријатието од 7 милиони денари првично ќе треба да плати 22% како прва рата а вредноста од останатите ќе биде распределена на 18 месечни рати. Бараме директорот во заминување јавно да излезе и да каже каква финансиска проекција направил за подмирување на ова ново задолжување кога на претпријатието висат 81 тужба за неисплатени надоместоци по основ на колективен договор.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Исто така сметаме дека правното лице кое ја добило јавната набавка за специјализирано возило за собирање на смет не е соодветно правно лице, односно дека правното лице не ги исполнува условите наведени во огласот, па затоа ќе побараме од ЈКП Брегалница согласно законот за пристап до информации од јавен карактер да ни ја достави целокупната документација од спроведената јавна набавка бидејки камионот за собирање на ѓубре од 7 милиони денари не е увезен во Македонија, односно такво возило нема ниту на еко пазарот во Европа.”

-соопшти Сашко Ивановски на денешната прес конференција.

Креирано од:


Пренеси го гласот