БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВМРО-ДПМНЕ е партијата што го стави на маса предлогот за отворени листи за советници на локалните избори

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов во вечерашното свое гостување во емисијата “Жешко политичко лето” говореше за повеќе актуелни прашања и случувања во МАкедонскиот парламент.

Во врска со прашањето за носење на измени на изборниот законик и за деталите во новите предложени измени во кои што се воведува можноста за гласање на граѓаните на т.н отворени листи и воведување на минимален изборен праг за освојување на советничко место во советите, Иван Јорданов соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ е политичката партија која што побарале воведување на отворени листи.

“Денеска во собраниска процедура е предложен законот за измена на изборниот законик со кој што се предвидуваат одредени правила по кои што ќе се водиме на следните избори. Тоа што беше најчесто комуницирано е дали ќе имаме отворрени листи. ВМРО-ДПМНЕ покажа и докажа дека не бега од отворени листи и ние сме тие кои што овој предлог го ставивме на маса. Јас се надевам дека оваа измена на изборниот законик иако е само на два три месеци пред изборниот процес што е спротивно од препораките на ОБСЕ и ОДИХР, но тоа не е одговорност на опозицијата туку одговорност на власта, затоа што ние уште од март месец посочувавме дека треба да се случи промена на изборниот законик и да дојде до можност граѓаните да одлучат кој ќе ги презентира во советите на локалните самоуправи.”

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-рече пратеникот Иван Јорданов во вечерашното гостување на Канал 5 ТВ.

Целото обраќање на Иван Јорданов може да се погледне во видеото во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот