Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Магдалена Манаскова од Виница на денешната расправа за донесување на уставните амандмани со кои ќе се промени името на Република Македонија и ќе се поништи идентитетот на Македонскиот народ, посочи дека се води дискусија за промени на Уставот, а договорот не е објавен во Службен весник.
– Формално правно овој договор не може да влезе во правна сила се додека не се усогласи со Уставот на РМ и додека биде објавен во Службен весник. Член 51 од Уставот е дециден вели дека законите мора да бидат во согласност со Уставот вклучително и билатералните договори.
Манаскова истакна дека странски експерти дополнително посочиле дека договорот е во спротивност со меѓународното право и истиот не подлежи на меѓународни принципи и правила.
Погледнете а нејзината дискусија во продолжение:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Традицијата на боречкиот спорт во Карбинци има убава перспектива
Физички напад во угостителски објект во Штип
Расчистен запуштениот простор околу поранешниот хотел „Турист“