БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Христијан Мицкоски од Кавадарци: Мора да удри зората и за Македонија, заедно ќе ги победиме овие црнила

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во рамки на интензивната работна агенда вечерва Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бешево посета на Кавадарци, од каде упати силни пораки до Македонскиот народ за спротивставување на актуелната власт на Зоран Заев.

Во продолжение ја пренесуваме неговата објава на фејсбук во врска со посетата:

Денеска бев во Кавадарци каде граѓаните не се исклучени и силно ги чувствуваат црнилата на владеењето на СДСМ и Зоран Заев.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Несигурност, црна неправда, црна корупција и криминал, црна мака на земјоделците, црно секојдневие продуцирано од власта, црнила кој го нагризуваат животот и онаа тажна слика на ветувања кои ги даваа и реалноста која потврдува дека нема да се остварат.

Го слушам Заев, така помалку загрижен вели дека сум сакал да бидам премиер по секоја цена, и еве сега ќе кажам дека вистинската загуба е токму цената која веќе Заев ја исполнува, а државта ја плаќа за да тој биде и опстои како премиер. Имаме едни давенички потези каде самиот тој си нарачува опозиција во собранието, ама не онаа која граѓаните ја избрале туку непринципиелна, која ќе може да му ги прифати и поддржи лудите политики и така братски и коалиционо ќе може да си управува, додека народот воопшто не го прашуваат.

Цената која ја плаќаме за да Заев биде премиер е и оној договор од Нивици за понижена Македонија, цената е и уништена економија и сиромаштија, цената е и одлив на странски инвестиции наместо влез (во трет квартал имаме повеќе одлив одошто прилив на странски инвестиции), цената е и потпросечен економски раст, затворени фабрики, како и Еурокомпозит, Колска и Југохром кои никако да започнат да работат.

Цената која сите ние ја плаќаме е и загадениот воздух кој е тивкиот убиец, нарушено здравје и здравствен систем кој пропаѓа. Цената е и уценето и киднапирано судство и обвинителство кои се дисциплинират со снимани разговори кои се направени додека Спасовски е министер, подоцна Заев премиер, а Верушевски советник за безбедност.

Заевовиот Вотергејт објаснува дека премиерот немал натприродни способности да предвидува пресуди, туку едноставно можеби имал разговори од судии и обвинители кои исплашени одлучувале така како што власта сака? Но анализата и времето ќе покаже како се стигало и до многу други судски одлуки, чудни пресуди и судски постапки, чии телефони звонеле и зошто сега нема одговорност за ова.

Дури и се ова да не е така, оваа влада има командна одговорност бидејќи година ипол управува со оваа држава, а единствено што создава се црнила.

Затоа мора да удри зората и за Македонија. Ние сме таа искра која ќе ја донесе, а вие, народот сте тие кои заедно ќе ги победиме овие црнила кои надвиснале на нашата земја.

 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace