Вреча по повод на големиот христијански празник Велигден, започна Велигднескиот хепенинг во Градскиот парк во Кочани со богата културно – забавна програма.
Јавната општинска установа „Павлина Велјанова“ – Кочани приреди Велигденски пазар на можности, придружен со музички настапи на дечињата, а настапија и ученици од ОУ „Никола Карев“.
ЈОУ Библиотека „Искра“ приреди Велигденска работилница, а во знакот на големиот христијански празник Школата за цртање и сликање при Центарот за култура „Бели мугри“ –Кочани приредија велигденски ликовен перформанс. Младинската банка Кочани, којашто е поддржана од ФРЛЗ – Штип, одржаа Велигденска работилница.

Забавните содржини продолжија и попладнето. Со почеток во 17 ч., во Градскиот парк настапија ѕвездите од „Дајте музика“ пред преполн парк со дечиња во центарот на Кочани.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември