По повод 121 годишнината од загинувањето на идеологот на Македонското револуционерно дело Гоце Делчев во градот кој го носи неговото име ќе се одржи трибина под наслов “121 година непокор” а на тема “Современ контекст на идеите на Делчев: Нашата улога во борбата за која тој се залагаше”.
Трибината која што е во организација на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево ќе се одржи во сабота на 04.05.2024 година во салата во Спомен Домот АСНОМ во Делчево со почеток од 18.00 часот.
Потребата за возобновување на една од најзначајните манифестации во државата “Гоцеви Денови” е повеќе од евидентна во изминатите повеќе години со оглед на обидите на поедини внатрешни и надворешни структури да го деноминираат значењето на Гоце Делчев во Македонската историја.
Меѓународната манифестација “Гоцеви Денови” е една од најголемите, најмасовните и најпознатите манифестации кои што биле реализирани од страна на Република Македонија, со учество на голем број на институции, здруженија, приватни правни субјекти и поединци.
Оваа репрезентативна, афирмативна културно-научна и едукативна манифестација посветена на идеологот на Македонската Револуционерна Организација Гоце Делчев била реализирана во континуиетет цели 48 години со голем број на активности, свечености и настани како во Република Македонија така и во многу земји низ светот.
Меѓународната манифестација “Гоцеви Денови” претставува своевидна круна на афирмацијата на МАкедонскиот национален идентитет и борба за слобода и независност кои се содржани во ликот и делото на големиот Македонски син Гоце Делчев.
Раѓањето на манифестацијата во рамки на нејзиното долгогодишно постоење, познавачите го лицираат во селото Град, Општина Делчево кога од страна на повеќемина граѓани во ова село била организирана средба на 04.05.1965 година, која била посветена на Делчев, со народен дух на афирмација и славање на неговиот лик и дело. Тогашното Собрание на Делчево ја превземало ваквата активност како културен настан и од тогаш до ден денес се организира чествување секоја година по повод денот на смртта на Делчев на локално ниво.
Повеќе за манифестацијата “Гоцеви Денови” поже да прочитате тука.
За последен пат Гоцеви Денови во Делчево се одржаа на 13.07.2013 година
Во 2022 година новинарот во пензија и роднокраен автор Васил Маневски пред камерата на Брегалнички Портал повторно ја реафирмираше потребата за возобновување на манифестацијата “Гоцеви Денови” (види статија тука)
Минатата година на 04.05.2023 година во Хотел Македонија од страна на ВМРО-ДПМНЕ ОК ДЕЛЧЕВО беше организирана Трибина под наслов “120 години непокор” со тема “Продолжуваме каде тој падна” на која значајни општествени дејци проговорија за ликот и делото на Гоце Делчев.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сообраќајна акција „Алкохолот и воланот не се добар пар“
Иван Гоцевски: Горане Трајковски одвои 15 минути време и исплати им ги утужените надоместоци на пожарникарите кои им следуваат со закон
Во Делчево продолжува вербалната битка меѓу Градоначалникот Трајковски и Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Гоцевски