Во организација на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево во сабота 04.05.2024 година со почеток во 18.00 часот во Салата во Спомен Домот АСНОМ во Делчево ќе се одржи трибина под наслов “121 година непокор- Гоце Делчев 1872-1903-2024”.
Според најавата на организаторот тема на трибината ќе биде “Современ контекст на идеите на Делчев: Нашата улога во борбата за која тој се залагаше”.
На трибината свое учество и обраќања ќе имаат Иван Гоцевски од Делчево, Ѓорѓи Малковски и Рашела Мизрахи од Скопје како и Никола Мицевски од Штип.
Според најавата на овој настан ќе се формира Иницијативен одбор за возобновување на меѓународната манифестација “Гоцеви Денови” која за последен пат во Делчево се одржа во 2013 година.
Во продолжение го пренесуваме соопштението упатено до јавноста од страна на ВМРО-ДПМНЕ ОК ДЕЛЧЕВО во прилог на објавениот настан:
“ТРИБИНА:121 ГОДИНА НЕПОКОР -ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ 1972-1903-2024-
“Современ контекст на идеите на Делчев: Нашата улога во борбата за која тој се залагаше”
Уште е време Гоцево!
Македонија повторно е исправена пред судбоносен избор: Дали сакаме иднина без уцени или сакаме други да ни ја кројат судбината?
Најголемите победи кои ги имал Македонскиот народ е во моментите кога бил обединет.
Време е сите заедно уште еднаш да се обединиме зад идеите и вредностите на Гоце Делчев и да се избориме за уште една голема победа на овој народ.
Ликот и делото на Делчев се наша постојана светла водилка во нашата непрекината борба за подобро утре на Македонските граѓани.
ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево ги повикува сите горди и достоинствени следбеници на делото на нашиот патрон на големата народна трибина која ќе се одржи на 4 мај 2024 година во салата во Спомен Домот АСНОМ со почеток во 18.00 часот.
Регистрација на учесници во 17.45 часот.
На трибината ќе биде конституиран ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР за возобновување на Манифестацијата “Гоцеви Денови” која последен пат во Делчево се организираше на 13.07.2013 година.
На трибината во сабота свое учество и обраќање ќе имаат:
-Иван Гоцевски
-Проф. Ѓорѓи Малковски
-Рашела Мизрахи,
-Никола Мицевски”
-стои во информацијата пренесена преку социјалните мрежи од страна на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Нов динамичен концепт за развој на туризмот во Делчево: Градоначалникот Гоцевски најави формирање на Совет за развој на туризмот
„Шпански денови на вкусот“ – кочански ориз зготвен по шпански рецепти
16 годишник од Кочани со мотоцикл удрил во 74 годишна жена