Здружението на наставници по Македонски јазик кое што обединува наставници од целиот свет на сите светски меридијани, во јавноста објавија свое видео на кое што се гледа дел од плодовите на нивната работа во изминатиот период.
Дечиња кои што учат Македонски Јазик во Австралија, Хрватска, Германија и Швајцарија зедоа учество во видео пораката која што ја упатија заеднички на својот мајчин јазик до сите Македонци во целиот свет по повод Велигден. Во името на традицијата, културата и воопшто идентитетот на Македонците овие млади македончиња покажуваат на најубав можен начин како се сака Македонија и Македонскиот јазик кој што претставува единствена наша вистинска татковина. За овие резултати најзаслужни се нивните наставници кои што макотрпно со целата своја љубов и залагање даруваат знаења и го пренесуваат богатството на Македонскиот идентитет пренесено преку јачината и значењето на Македонскиот јазик.
Оваа иницијатива наиде на големо внимание во јавноста а за во иднина планирани се уште вакви преубави активности на оваа организација која што работи на зачувување и афирмација на Македонскиот јазик.
Погледнете во видеото во продолжение за што точно станува збор:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лариса Дир: Цел на руските напади во Одеса синоќа меѓу другите беше и породилиште со мајки родилки и бебиња
Како поморскиот теснец кај Хормуз стана најзначајна геостратешка точка во светот?
Македонското Литературно Друштво „Ванчо Николески“ Квинбијан-Австралија објави повик за учество во антологија на литературни автори