БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Македонците го осетија жезлото на тиранската власт на Заев. Со политичкиот азил на Груевски сега за тоа дознава цела Европа

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Помеѓу граѓаните на Република Македонија кои се наоѓаат и егзистираат на територијата во државата, веќе секојдневие им станаа комично-патетичните информации за (не)работата на актуелната власт на Зоран Заев која се чини беше подредена само на една работа откако дојде на власт.

А тоа е промената на уставот и името на Република Македонија под диктат и по мерка на Грција.

Придружните елементи за

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace
  • политички прогон на слободољубиви граѓани на Македонија, додека истовремено се пуштаат на слобода осудени криминалци;
  • брутално бркање од работа на илјадници долгогодишни вработени од државната администрација, и истовремено
  • партизацијата на институциите со партиски и роднински кадри на функционери од СДСМ,
  • делењето на буџетски-народни пари на фирми блиски до функционери и роднини на власта,
  • енормното задолжување на државата,
  • зголемувањето на акцизата за горивата што предизвика лавина од поскапувања кои удрија по стандардот на граѓаните,
  • неспособноста во реализацијата на капиталните инвестиции кои се клучни за развојот на државата
  • Катастрофалниот факт дека Македонија е најзагадена земја во Европа
  • Континуитетот на депопулација на нацијата и

редица други катастрофални индикатори кои се олицетворение на оваа власт, се додадена “вредност” на деструктивното владеење на Зоран Заев и неговата потесна “клапа” на соработници.

Со паѓањето и неуспешноста на референдумот за промена на името и уставот на Република Македонија и масовниот мнозински бојкот на граѓаните на 30-ти септември стана пресвртна точка во комодитетот и владеењето на оваа власт. Дозориентираноста во неколкуте денови по неуспешниот референдум на кој беше поразена целокупната пропагандна машинерија на власта која ги злоупотреби сите можни државни ресурси во корист на успешноста на референдумот, како и немоќта на странското влијание во корист на референдумот доведе до промена на реториката која за власта од победничка стана застрашувачка.

Во периодот што следуваше ваквата реторика кулминираше на седницата на Парламентот на која се отвори процесот за уставните измени, која и до ден денес трае.

Во целокупниот овој процес впечатлив е уште еден факт кој го карактеризира изминатиот период. А тоа е успешното бегство на поранешниот Премиер на Република Македонија од канџите на постојаната власт во државата на чиј што удар самиот себе се изложи во изминатите три години.

Неговото бегство внесе уште поголема паника во редовите на органите на прогонот до највисоките ешалони на власта во владата и Зоран Заев, што можеше да се забележи по нивните крокирани појавувања  и изјави во јавноста веднаш по неговото соопштение дека пристигнал и побарал политички азил од властите во Будимпешта. Провладините мегафони и платенички новинари со недели потоа продолжуваат да пропагираат шпекулации околу азилот на Груевски, со надеж дека ке ја дефокусираат јавноста и народот од реалните проблеми во државата под власт на Зоран Заев.

Веќе станаа патетични приказите на видео јавувањата и прилозите за бегството на Груевски а истовремено Македонија се гуши во најотровната атмосфера која постои над Европското тло.

Моќта на Груевски и неговата улога допрва ќе биде разоткривана затоа што тој она што беше политички прогон и неговата генеза која е втемелена длабоко во функционирањето на Република МАкедонија како рак рана на сите останати малигни аномалии кои удираат по животот на граѓаните, сега со неговото барање и добивање на политички азил од членка на ЕУ од ниво на внатрешен проблем на Македонија, стана проблем на ЕУ, т.е. на европската и светската јавност.

Со еден потег Груевски успеа да ја разобличи власта во Македонија која функционира единствено поради поддршката на странски центри на моќ, во исполнување на нивната агенда и планови за овој значаен геостратешки простор.

Расплетот на оваа криза која е наметната против волјата на Македонските граѓани ќе следува во иднина. Мудроста и умешноста на Македонскиот народ заедно со неговите легитимни политички лидери и понатаму ќе биде ставена на тест.

Од нас самите зависи дали ќе постоиме како горди Македонци, или ќе се претопиме во флоскулна аномалија која некогаш постоела на европското тло.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace