Македонската фудбалска репрезентација, на домашен терен , против селекцијата на Летонија ги започна натпреварите во квалификациите за Европското првенство 2020 година. Македонија убедливо ја победи Летонија со резултат 3:1.
Очекувам да бидеме на она ниво кое бевме во минатите натпревари. Да одиграме максимално и да оствариме победа. Ние сме подготовени. Јас кажав дека е задоволство да се работи со овие момци, и најдоброто издание го очекувам во следните натпревари. Длабоко верувам во нив и допрва од нив ги очекувам најдобрите натпревари.
Јасно ми е на мене и на фудбалерите дека нема лесни противници и така ќе играме на секој натпревар. Најсилното оружје на Летонија беа прекините и тие воздушни дуели, и моравме да внимаваме на тие сегменти.
Постојат и слабости, и ние максимално ги искористивме.
– изјави селектерот Игор Ангеловски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи