БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Македонија веќе не се споредува со Словенија и Австрија туку со Косово

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во интервјуто за порталот Курир.мк, Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски откри неколку детали околу тоа што ќе содржи новата програма на партијата со која ќе излезат пред граѓаните на предвремените парламентарни избори кои е договорено да се одржат на 12 април наредната година.

Николоски истакна дека станува збор за досега нестандарден тип на програма која партијата ја подготвува во соработка со граѓаните на еден интерактивен начин во рамки на кампањата која е во тек за “Обнова на Македонија”. Од мерките кои ќе бидат опфатени во оваа програма Николоски го спомена кратењето на даноците како основен предуслов за задвижување на економијата со силен фокус на подобрувањето и развојот на инфраструктурата со тотално нови концепти за организација на здравството, образованието, социјалната сфера со огромен број на иновации како и дигитализација на повеќе сфери од општественото живеење.

Понатаму во интервјуто Александар Николоски го спомена фактот за планираниот буџет на владата на Зоран Заев за наредната година за која се планира буџет од над 4 милијарди евра а како инвестиции во капитални проекти се планирани околу 400 милиони евра. Па направи споредба со Косово кое за наредната година има планирано буџет од околу 2 милијарди евра а инвестиции во капитални расходи од над 800 милиони евра.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За повеќе актуелни политички прашања погледајте го третиот дел од интервјуто на Александар Николоски во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace