БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Македонска Каменица е во процес за изнаоѓање можни инвеститори од Дубаи и Обединетите Арапски Емирати

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска градоначалникот на општина Македонска Каменица заедно со повеќе други градоначалницин зеде учество на конференција на која се презентираше програма за можностите за промоција на општините во државата со цел за привлекување на странски инвестиции.

Во рамки на програмата која што ја спроведува НЕТИНГ Институтот во соработка со Агенцијата за странски инвестиции и Бирото за регионален развој на Република Македонија предвидена е поддршка за општините во рамки на добро обмислен процес, обука на градоначалниците како и конкретни директни средби со потенцијални инверститори од Дубаи и Обединетите Арапски Емирати..

“Денес на покана на НЕТИНГ Институт, а во соработка со Агенцијата за странски инвестиции и Бирото за регионален развој, заедно со повеќе градоначалници, учевствувавме на презентација на програмата “Перспективите на економската промоција на општините од Република Македонија во насока на привлекување на странски инвестиции”.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Програмата опфаќа обезбедување на поддршка на единиците на локалната самоуправа во процесот на привлекување на странски инвеститори, обука за градоначалници и средба со инвеститори во Дубаи, Обединети Арапски Емирати. Општина Македонска Каменица има неспорен потенцијал и природни ресурси за започнување на процес за економски инвестиции и зголемување на економската моќ. Насочени сме, покрај комплетното решавање на инфраструктурните проблеми, да се развиваме во неколку насоки и да изградиме општина – пример за сите други во регионот.”

-соопшти денеска за јавноста Димче Атанасовски- Градоначалник на општина Македонска Каменица во врска со рализацијата на овој процес.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace