БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Македонска Каменица доделува финансиска помош за еднородителски семејства, деца без родители и семејства на самохрани родители

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Јавен повик за финансиска помош за еднородителски семејства, деца без родители и семејства на самохрани родители

Општина Македонска Каменица објавува Јавен повик до еднородителски семејства, деца без родители и семејства на самохрани родители за доставување барање за финансиска помош од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2026 година.

За остварување на финансиската помош потребно е да се достави барање до Општина Македонска Каменица со следните документи во прилог:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace
  • фотокопија од важечка лична карта или фотокопија од извод од матичната книга на родени доколку се работи за малолетни лица;
  • потврда од Министерството за труд и социјална политика за деца без родители и самохрани родители;
  • изјава заверена кај нотар за еднородителски семејства;
  • потврда за примена плата во последните три месеци пред поднесувањето на барањето или чек од последната пензија;
  • потврда од АВРМ за невработени членови на семејството;
  • доказ од Управата за јавни приходи за пријавени или остварени приходи, лични и за членовите на потесното семејство, за претходната година;
  • фотокопија од трансакциска сметка.

Јавниот повик се однесува на лица жители на Општина Македонска Каменица.

Потребната документација може да се достави во Архивата на Општина Македонска Каменица (соба бр. 1) или електронски на opstina@makedonskakamenica.gov.mk.

Рокот за доставување е 15 дена, сметано од денот на објавувањето на Јавниот повик.

Линк до јавниот повик

Симнете го барањето за јавниот повик

Креирано од:


Пренеси го гласот