Македонија е во почетен стадиум за повторно раѓање и процес на суштинска катарза на воспоставување на силни демократски вредности како причина за опстој и афирмација на државата.
Секој допринос е добредојден и за поздравување, но самата промена кон подобро со овие наши “натални болки” е процес овозможен од Премиерот и Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. За првпат после децении “труднички болки” гледаме на отворена сцена вистински коренити промени на начинот на досегашното функционирање и промена на севкупната перцепција за практикувањето на општествените процеси во државата.
Системските слабости, корупцијата од секаков карактер, криминалот вгнезден во највисоките ешалони на власта во изминатите децении од постоењето на државата, сега со актуелната Влада повеќе не се предмет на компромис, туку за нив се зборува јавно и се остава можност на надлежните органи да ги решаваат и сузбиваат.
Премиерот Мицкоски како ни еден политичар на така висока позиција во 3 децениското постоење на државата во ниту еден момент не се меша со свое влијание во истрагата за пожарот во Кочани, а Јавното Обвинителство ги има сите неопходни предуслови да ја заврши истрагата по сите законски прерогативи, за да влезе самиот процес во судските лавиринти на третата власт.
Справувањето на последиците со катастрофалниот пожар во импровизираната дискотека во Кочани каде загинаа 62 Македонски души а над 200 човечки тела страдаа под огнените јазизи и отровните гасови, е Македонскиот “zero ground”- точка на пресврт за да Македонската државност има смисла да продолжи да постои или пропадне.
Во процесот на опоравување на Македонското општество од последиците на оваа ужасна катастрофа релевантни се повеќе ефекти за практицирање на вистинска демократија во Македонската држава. Еден од најзначајните фактори е работата на Премиерот, Владата, владините ресори и надлежни извршни тела на државата. Секако не помалку важност имаат Парламентот како колективно тело но и секој судија и јавен обвинител во правосудството во Македонија.
Премиерот кој што го имаше можеби најтешкиот ден тој кобен 16 март 2025 година, и покрај се инсистира на јасната дистинкција меѓу неговата политичка улога во процесите во државата и таа на судско-обвинителскиот систем која што е секако повеќе од потребна и основен постулат во функционирањето на Премиерот Мицкоски.
Тоа што една национална катастрофа одредени поединци се обидуваат да ја исполитизираат на јавна сцена оваа катастрофа мешајки “баби и жаби” во едно “котле” кое сакаат да го зовријат до фаза на експлозија, е дел од процесот на созревање на Македонската јавност да стане имуна на вакви некрофилски појави како најнехуман изблик на политичка профилактика во општеството.
Политичката улога на Премиерот подразбира точно дефинирани законски надлежности и правци на делување исто како што тоа е случај и со Министерот за Внатрешни работи и сите останати владини функционери. За хуманистичкиот аспект на делувањето на Премиерот, Министерот за Внатрешни и сите релевантни владини функционери во случајот со пожарот во Кочани е тема сама за себе, која што повеќе од очигледно е дека овие чинители не сакаат да биде експлоатирана во јавност, што дава многу поинаков перцептивен фактор од оној кој што некрофилски мегафони сакаат да го деноминираат и дискредитираат по секоја цена.
Останува на целата Македонска јавност да го следи најголемиот процес за одговорност на засега над 30-тина лица за катастрофата во Кочани истиот да го анализира, коментира и да носи заклучоци, кој се одвива во точно- законски дефинирани граници.
Денес судско-обвинителскиот систем во државата има 2% доверба кај граѓаните. Овој случај може да биде случај на прекршување оваа перцепција да се подобри или да продолжи да биде малигна рак-рана на нашето општество.
Секој кој по слово на законот се огрешил кон државата и народот, треба и мора да одговара. Одговорноста според Јавното Обвинителство на Република Македонија во моментот се лоцира кај огромен број на луѓе, како никогаш до сега во Македонската историја.
Од друга страна истовремено не смееме да дозволиме како јавност, како граѓани на Македонија невини луѓе да бидат цел на политички прогон само за задоволување на нечии агенди.
Општествената, медиумската и политичката некрофилија за катастрофата во Кочани мора да ја разобличиме за да спречиме уште поголеми катастрофи кои неминовно ќе се случат кога едно општество стане заробено во канџите на некрофилски профитери.
Тоа што во 2019 година беше ПРАВДА ЗА МАКЕДОНИЈА, тоа што во 2021 година беше ОБНОВА ЗА МАКЕДОНИЈА, денес е МАКЕДОНИЈА ЗА СЕКОЈ ЧОВЕК.
Демократијата е жива материја, Македонија е во процес на своја силна и интензивна КАТАРЗА и секој добронамерен, чесен и горд Македонец треба да го вложи својот максимум за да допринесе во секоја сфера на општествено живеење.
МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА, не е само слоган, не е паушална изјава или политички памфлет. Тоа е идеја која подразбира болни промени пред се, многу работа и труд, посветеност и залагање, многу толеранција на сите различности и неприкосновена борба за правда и правичност, морални и законски вредности.
Секое бебе кога се раѓа плаче! Македонија денес е во тој стадиум на повторно раѓање.
Дали овојпат ова бебе ќе порасне во здрав и успешен човек, зависи од сите од нас заедно.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Реална Стратегија за Локален економски развој (ЛЕР) на општина Делчево за период 2021-2025 година или список на неостварени желби?
“Дуинг” бизнис со огромни количини дрвна шумска маса, стана инструмент за ширење паника и хаос за политички цели
За силна држава Македонија, потребни се силни Македонски одлуки, Премиерот да опстои до крај на својата најава!