Денеска (14.06.) во 00.06 часот полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.Д.(42) од Виница, поради тоа што кај него биле измерени 2,88 промили алкохол во крвта, откако претходно на излезот од село Зрновци кон село Лески, кочанско, додека управувал патничко возило „Фолксваген голф“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртил на патот. Тој е исклучен од сообраќај, известен е надлежен ЈО, и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Утринава виничанец под дејство на 2.88 промили алкохол излетал и се превртел со своето патничкко возило

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Кочани објави Јавен повик за ангажирање 20 пожарникари
Амбасадорот на Чешка во посета на Кочани
Лишен од слобода возач од Пробиштип, управувал возило под дејство на алкохол