БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Масовен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

 

На 30 Септември 2017 година во 18:00 часот во партиските простории на ОК ВМРО-ДПМНЕ Македонска Каменица, Општинскиот Изборен Штаб (ОИШ) на ВМРО-ДПМНЕ Македонска Каменица оддржа состанок во проширен состав заедно со своите членови и активисти. Претседателот на ОИШ, Дарко Митевски им се обрати на присутните со зборовите: „Македонска Каменица силно стои на страната која од рурална општина создаде општина препознатлива насекаде. Овој град е на страната која има визија, идеи, тим и вистинска развојна програма за општина без инфраструктурни проблеми, без невработеност, општина која ќе биде пример во областа на спортот, културата, образованието, социјалната заштита, меѓународната соработка и здравствената заштита. Досега реализираното е она со што вистински се гордееме, а нашите нови проекти ќе ја направат Македонска Каменица најразвиено место во Македонија. Затоа, овој град ќе гласа за број 13, за д-р Дарко Митевски, за силна Македонска Каменица“.

Пред присутните се обратија и носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Костовски, како и Љупчо Трајков, кандидат за советник.

Судејќи според посетеноста на состанокот, од ОК ВМРО-ДПМНЕ Македонска Каменица се убедени дека изборната победа е неизбежна.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace