Германец најде череп кој наликува на човечки, а полицијата потоа пронајде коски во вреќа, исто така налик на човечк.На 29.09.2017 година околу 14:30 часот во полициска станица-Берово, А.С. (43) од Германија, а со престојувалиште во Берово, движејќи се во близина на место викано „Црвен Брег“ во близина на депонија за градежен отпад, забележал дел од череп кој наликувал на човечки, информираат од МВР.На 30.09.2017 година по извршен увид од страна на увидна екипа од ПС Берово во непосредна близина пронајдена била и вреќа во која имало коски кои наликувале на човечки. Истите биле подигнати од местото на настанот од страна на увидна екипа од ПС-Берово за понатамошна постапка.
Извор:Курир

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември