Во свое видео обраќање пренесено преку социјалните мрежи Премиерот Мицкоски упати апел за зачувување на традициите и потребата од зголемувањето на бројот на новородени Македончиња, без разлика дали станува збор за дечиња во Македонија или во странство.
“Македонскиот идентитет се брани со потомство, традиција и љубов кон татковината!
Нема подобар начин од тоа да од мали години, уште од најмала возраст да ги учиме децата на македонските традиции и обичаи. Бидејќи традицијата и обичаите мора да се негуваат, тие се нераскинлив дел од македонскиот идентитет.
Ќе го вложиме секој атом енергија да работиме само и само за интересот на татковината и на граѓаните! “
-вели Премиерот Мицкоски во својата објава на социјалните мрежи во прилог на своето видео обраќање:
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Перински во Аеродром: Проект за нов лик и урбанизирање на просторот позади ТЦ „Капитол“
Перински во Аеродром: Заедно со граѓаните до поголем напредок на општината од секој аспект
Министерот Тошковски денес ги посети ДПД и ТППЕ Kочани: Ќе направам сè што е во моја моќ за да ги поддржиме овие храбри луѓе