БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Се уредува СРЦ „Бавчалук“ во Кочани– засадени нови садници

Пренеси го гласот

Во рамките на реализацијата на проектот за уредување на паркот во месноста Бавчалук, во кругот на Спортско-рекреативниот центар „Бавчалук“ се засадени нови садници. Наредниов период ќе се продолжи со озеленување, чистење на обраснатата вегетација, реконструкција на постоечките пешачки патеки и уредување на просторот.

Хортикултурното уредување и расчистување на површината на СРЦ „Бавчалук“ е учество на Општина Кочани во реализацијата на овој проект во соработка со Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип.

Проектот опфаќа целосно обновување на содржините во Спортско-рекреативниот центар. Асфалтирани се терените за мал фудбал и кошарка, а ќе се обноват подлогите, ќе се заменат таблите и обрачите на кошевите, како и стативите на фудбалското игралиште.

Вкупната вредност на проектот изнесува 3.781.720 денари од кои 1.050.000 денари се од Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, а останатите средства се од Буџетот на Општина Кочани.

Комуналните инспекциски служби од Општина Кочани апелираат за совесно и одговорно однесување кон новите садници, дрвјата и воопшто кон зелените површини.

Креирано од:


Пренеси го гласот