Денеска на прес конференција Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги наброи најголемиот број на негативните ефекти од владеењето на Зоран Заев во изминатите 100 денови на старо-нова влада.
Мицкоски пред јавноста ги соопшти промашувањата на политиките на Заев кои што се одразија/ваат негативно во животот на Македонските граѓани со што државата назадува во слободен пад повеќе години наназад.
Од катастрофалната надворешна политика и распродажба на Македонските национални интереси, ужасната економска состојба, здравствената хаварија, корупциските скандали и партизацијата на сите сегменти во државата Мицкоски фактографски ги наброи сите штетни политики на актуелната власт, а на крај на прес конференцијата одговараше и на повеќе новинарски прашања од интерес на јавноста.