Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со членот на ИК и портпарол Марија Митева, секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски и шефот на кабинет Владимир Нелоски оствари средба со директор на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ) за Македонија Крис Бренан.
Мицкоски истакна огромна благодарност за одличната соработка и поддршката која ИРИ ја дава на ВМРО-ДПМНЕ нагласувајќи дека ИРИ е наш партнер кој долг временски период придонесува за јакнење на политичките капацитети на ВМРО-ДПМНЕ преку најразлични програми особено во делот на младинското учество, јакнење и унапредување на активната транспарентноста на партијата и поддршката на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.
Соговорниците се согласија дека постои традиционално добра соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ, и се потврди заложбата од двете страни дека истата ќе продолжи да се развива и во иднина за поинтензивна соработка.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар