Денеска во партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ Претседателот на опозициската партија Христијан Мицкоски оствари средба со францускиот амбасадор во Република Македонија Кристиан Тимоние.
На средбата било разговарано за актуелните политички состојби во државата, при што Мицкоски ги пренел сопствените впечатоци во врска со криминалот и корупцијата кои се присутни на високо ниво во државата како и селективната правда која што ја спроведуваат Зоран Заев и СДСМ како носители на власт во републиката.
“Денес заедно со Игор Николов остваривме средба со францускиот амбасадор Кристиан Тимоние. Во текот на средбата потенцирав дека во државата криминалот и корупцијата се на високо ниво и правдата е селективна, односно се суди само на луѓе од опозицијата. Укажав на фактот дека власта дели тендери на лица блиски до нив и за тоа никој не одговара, додека народот од ден во ден се повеќе се осиромашува.”
-соопшти Христијан Мицкоски во врска со оваа средба преку социјалните мрежи.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“