Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа дали повторно ќе може да се очекува линеарно зголемување на пензиите оваа есен, како и кои законски измени треба да се донесат, информираше дека очекува такво зголемување. Тоа е барање, рече што до Владата беше упатено од пензионерите.
„Да, јас тоа веќе го најавив дека очекуваме линеарно зголемување на пензиите. Тоа го бараат практично пензионерите од Владата. Тој процент согласно закон, којшто треба да се зголеми, да биде линеарно распределен на сите корисници на пензии. Ние тој глас го слушнавме како Влада“, изјави Мицкоски.
Предлог-законското решение, како што нагласи премиерот, треба да помине на денешната владина седница и истото да помине во парламентот, пред распишувањето на локалните избори, коишто се планирани за на есен.
„Денеска, на седница на Владата, би требало предлог-законското решение да помине и веднаш потоа да биде испратено до парламентот. Очекувам парламентот, пред распишување на локалните избори, да тоа го изгласа позитивно“, објасни тој.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Самопрогласени „синдикални лидери“ шират лаги за изградбата на автопатот Охрид – Кичево. Ќе го завршиме на време и сите ќе му се радуваме
Пилот проект за лекување од далечина започна да се спроведува во Делчево и Дебар
Сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди денеска во Штип