• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
Брегалнички Портал
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
Брегалнички Портал
  • Основна
  • Регион
    Поддршка на протестот на КСС од страна на пратеникот Иван Јорданов

    Поддршка на протестот на КСС од страна на пратеникот Иван Јорданов

    Регионалниот координатор на СДСМ за ИЕ 3 Никола Тренчевски од Делчево со 30000 денари е на списокот на хонорарци на Владата

    Регионалниот координатор на СДСМ за ИЕ 3 Никола Тренчевски од Делчево со 30000 денари е на списокот на хонорарци на Владата

    Полиција во Делчево вршела дискриминација при пропуштање на гледачи на вчерашниот натпревар на ФК Брегалница- Делчево

    Полиција во Делчево вршела дискриминација при пропуштање на гледачи на вчерашниот натпревар на ФК Брегалница- Делчево

    Млади активисти во еколошка акција за чистење на дивите депонии на Голак. Ги молат случајните минувачи со возила да го превземат собраното ѓубре со нивните возила до депонија

    Млади активисти во еколошка акција за чистење на дивите депонии на Голак. Ги молат случајните минувачи со возила да го превземат собраното ѓубре со нивните возила до депонија

  • Македонија
    Падна еден од столбовите на актуелниот режим: Рашковски поднесе оставка

    Падна еден од столбовите на актуелниот режим: Рашковски поднесе оставка

    Николоски: Отчет за се од власта и веднаш да кажат кој е датумот?

    Николоски: Отчет за се од власта и веднаш да кажат кој е датумот?

    Комити- Скопје: Ослободувањето на Уставобранителите ќе значи национално помирување!

    Комити- Скопје: Ослободувањето на Уставобранителите ќе значи национално помирување!

    Николоски: Македонија со Зоран Заев на власт во никогаш нема да почне преговори со ЕУ поради неспособноста и штетните политики

    Николоски: Македонија со Зоран Заев на власт во никогаш нема да почне преговори со ЕУ поради неспособноста и штетните политики

  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
loading...
Насловна
Македонија
Политика

Мицкоски со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ излегува пред резиденцијата на Пендаровски. Бара одговори за кршењето на Уставот

август 13th, 2020 Политика коментари 542
Мицкоски со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ излегува пред резиденцијата на Пендаровски. Бара одговори за кршењето на Уставот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес конференција ја обелодени наредната активност на партијата со која се спротивставуваат на кршењето на уставот од страна на Стево Пендаровски со доделување на Мандатот на Зоран Заев без доказ за формирано мнозинство во Македонскиот парламент.

Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Мицкоски за неговите наредни чекори:

“Без доказ, без потврда дека поседува мнозинство Пендаровски го додели мандатот за состав на нова Влада.

Од тука, од овој момент не може никако поинаку да се опише оваа состојба освен дека мандатот е узурпиран. Би рекол киднапиран и во рацете на човек како Зоран Заев.

Ова претставува продолжување на неславната пракса на кршење на Уставот, при што сега активен учесник е и претседателот на државата.

По кој критериум Пендаровски одлучи мандатот да го додели на партија и човек кој не достави доказ дека поседува мнозинство во парламентот? Ќе ве потсетам самиот тој велеше дека ќе ги повика сите политички чинители на разговор кај него, разговор кој што до ден денешен додека да го додели мандатот воопшто и не се случи.

По таа логика мандатот без доказ може да се додели во рацете на ВМРО-ДПМНЕ кој пак освои најмногу пратеници во македонскиот блок. Или на ДУИ, на ДПА, на Левица, Алијанса, Алтернатива, или на било која друга политичка партија која што е во парламентот.

Уставот е прекршен, а Стево Пендаровски е активен учесник во сето тоа. И ова не е случаен преседан, туку таквото делување без кичма и став прераснува во традиција.

Ќе ве потсетам дека претседателот на државата беше активен учесник во злоупотребите на инструментот вонредна состојба, каде ја продолжуваше толку долго, и толку пати, колку што на Заев му беше потребно да направи институционален поткуп за време на завршените предвремени парламентарни избори. Наместо да се справува со Ковид кризата тие продолжуваа вонредна состојба во која што менуваа закони, исплаќаа поткуп, носеа уредби за рекламен простор во медиумите во кои се дава предност на СДСМ, менуваа Изборен Законик.

Стево Пендаровски како претседател не кажа ниту еден збор за покачувањето на цената на електричната енергија со која директно се удира по стандардот на граѓаните. Не кажа ниту еден збор за пропаѓањето на банка, со која се нанесува штета на граѓаните и бизнисите во оваа земја. Не кажа ниту еден збор за катастрофално лошото справување со Ковид кризата каде цехот се плаќа со животите на граѓаните. Не кажа ниту еден збор за случаевите на криминал и корупција каде се вмешани луѓе од актуелната Влада. Не кажа ниту еден збор за тоа што Македонија и граѓаните во Македонија денеска се во затвор и не смеат да патуваат во земјите членки на ЕУ до крајот на месец септември, а како што стојат работите најверојатно таа забрана ќе продолжи и во месеците после септември. Не кажа ниту еден збор за економското цунами. Не кажа ниту еден збор како поранешен просветен работник за неизвесноста за започнување на учебната година. Но денес го видовме како го дава мандатот на пратеник кој нема мнозинство во парламентот.

Од овој момент секој еден граѓанин треба да знае дека кога ќе се спомене во државата криминал и хибриден режим на Зоран Заев, негов составен дел и соучесник е Стево Пендаровски.

Стево Пендаровски покажа дека не е претседател на сите граѓани, а најмалку заштитник на Уставот. Туку за жал покажа дека е пиум, извршител во рацете на неговиот партиски шеф Зоран Заев.

Ваквото узурпирање на мандатот е со цел да се добие дополнително време во кое претседателот на СДСМ, кој инаку самиот признава дека нема мнозинство но ќе ги искористи овие 20 дена врз основа и на претходното искуство кое го видовме да прави непринципиелен и нехуман притисок и уцени врз пратеници за да обезбеди мнозинство во парламентот.

Уставот е јасен, потребен е доказ за поседување на мнозинство врз основа на кој се доделува мандатот. Се друго е кршење на Уставот.

Од тука со оглед на тоа дека претседателот на државата Пендаровски не кажа ниту збор покачувањето на цената на електричната енергија, за слабеењето на стандардот на граѓаните со тоа што повеќе од 100.000 наши сограѓани живеат со помалку од 50 денари на ден. Не кажа ниту еден збор за изборниот грабеж, беше активен соучесник во злоупотребите на вонредна состојба. Молчи за криминалот и корупцијата, а денес со обично читање бројки и членови на Уставот, без посебна експликација го додели мандатот на пратеникот Зоран Заев.

Затоа во името на повеќе од 315.000 граѓани кои го дадоа гласот за ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „За обнова на Македонија“, како и во името на другите кои не се согласуваат со ваквото кршење на Уставот во 15:30 часот со пратениците дел од пратеничката група ќе дојдеме пред канцеларијата на претседателот на Водно при што бараме итна и неодложна средба на која што ќе објасни врз основа на кој доказ го убедил пратеникот Зоран Заев дека поседува мнозинство и му го доделува мандатот.

Очекувам средба на која ќе се разговара конкретно и без одлагања, не смееме да премолчуваме на кршењето на правото и подривање на правната држава.”

loading...

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Буџетска дупка од 70 милиони, 170 невработени и стечај за доверителите ќе предизвика затварањето на Еуростандард Банка
Следна објава Амбасадорката Кејт Брнз со фејсбук статус ја одбележа годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор
Може да Ве интересира:
Николоски: Македонија со Зоран Заев на власт во никогаш нема да почне преговори со ЕУ поради неспособноста и штетните политики
Македонија

Николоски: Македонија со Зоран Заев на власт во никогаш нема да почне преговори со ЕУ поради неспособноста и штетните политики

април 11th, 2021 180
Средношколски глас: Здравјето пред државната матура
Политика

Средношколски глас: Здравјето пред државната матура

април 7th, 2021 130
Александар Николоски: Државата е логистика на криминалци, мафијаши и нарко картели од балкански и европски калибар
Политика

Александар Николоски: Државата е логистика на криминалци, мафијаши и нарко картели од балкански и европски калибар

април 7th, 2021 157
Рашела Мизрахи: Македонија стана земја на некролози
Политика

Рашела Мизрахи: Македонија стана земја на некролози

март 27th, 2021 140
Насилието на Зоран Заев и на власта ќе роди одговор со сила на народот
Политика

Насилието на Зоран Заев и на власта ќе роди одговор со сила на народот

март 27th, 2021 169
Дали Мицкоски го запали фитилот за општа Македонска револуција против актуелната штетна власт доколку влезе во промена на идентитетот на Македонецот?
Политика

Дали Мицкоски го запали фитилот за општа Македонска револуција против актуелната штетна власт доколку влезе во промена на идентитетот на Македонецот?

март 26th, 2021 800
Бесими со покачување на даноците всушност најави "дерење на кожата" на и така сиромашниот народ
Политика

Бесими со покачување на даноците всушност најави "дерење на кожата" на и така сиромашниот народ

март 25th, 2021 214
Зоран Заев и власта немаат пари во Буџетот па го одбегнуваат донесувањето на законот за помош на граѓаните и економијата за справување со ефектите на пандемијата
Политика

Зоран Заев и власта немаат пари во Буџетот па го одбегнуваат донесувањето на законот за помош на граѓаните и економијата за справување со ефектите на пандемијата

март 24th, 2021 253
НОВ ИЗУМ ЗА ПРЕДИЗБОРЕН ПОТКУП НА СДСМ И „НЕЗАВИСНИОТ“ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА И ВОДНИ УСЛУГИ- МАРКО БИСЛИМОСКИ
Политика

НОВ ИЗУМ ЗА ПРЕДИЗБОРЕН ПОТКУП НА СДСМ И „НЕЗАВИСНИОТ“ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА И ВОДНИ УСЛУГИ- МАРКО БИСЛИМОСКИ

март 24th, 2021 193
Facebook Comments
Жена на денот
Бри Ларсон (Капетан Марвел) се прави важна во совршено скроен фустан

Бри Ларсон (Капетан Марвел) се прави важна во совршено скроен фустан

797
Маж на денот
Пирс Броснан- Еден од најубавите и најуспешните мажи во светот

Пирс Броснан- Еден од најубавите и најуспешните мажи во светот

1017
Најнови објави
Апр 15th 8:32 PM
Регион

Поддршка на протестот на КСС од страна на пратеникот Иван Јорданов

Апр 14th 11:01 AM
Регион

Регионалниот координатор на СДСМ за ИЕ 3 Никола Тренчевски од Делчево со 30000 денари е на списокот на хонорарци на Владата

Апр 14th 9:19 AM
Македонија

Падна еден од столбовите на актуелниот режим: Рашковски поднесе оставка

Апр 14th 9:02 AM
Македонија

Николоски: Отчет за се од власта и веднаш да кажат кој е датумот?

Апр 13th 10:07 PM
Глас од истокот

Гоце Марков: Како силувана?!

Апр 13th 9:50 PM
Глас од истокот

Стрезоски: Додека Заев ги полни батериите, Македонија ги полни гробиштата!

Апр 13th 1:35 PM
Македонија

Комити- Скопје: Ослободувањето на Уставобранителите ќе значи национално помирување!

Апр 12th 11:23 AM
Регион

Полиција во Делчево вршела дискриминација при пропуштање на гледачи на вчерашниот натпревар на ФК Брегалница- Делчево

Апр 11th 10:11 AM
Матна Брегалница

Преубав графички прилог од Драги Рашковски

Апр 11th 9:57 AM
Граѓани

Млади активисти во еколошка акција за чистење на дивите депонии на Голак. Ги молат случајните минувачи со возила да го превземат собраното ѓубре со нивните возила до депонија

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Неделни топ 5 на Брегалнички
Додека народ "квача јајца" под полициски час по дома, Заев се релаксира по хотели низ Македонија
Македонија

Додека народ "квача јајца" под полициски час по дома, Заев се релаксира по хотели низ Македонија

Апр 11th, 2021 1896
Полиција во Делчево вршела дискриминација при пропуштање на гледачи на вчерашниот натпревар на ФК Брегалница- Делчево
Регион

Полиција во Делчево вршела дискриминација при пропуштање на гледачи на вчерашниот натпревар на ФК Брегалница- Делчево

Апр 12th, 20211783
ВМРО-ДПМНЕ го поддржува протестот на 25 април организиран за поддршка на уставобранителите
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ го поддржува протестот на 25 април организиран за поддршка на уставобранителите

Апр 10th, 2021652
Гоце Марков: Како силувана?!
Глас од истокот

Гоце Марков: Како силувана?!

Апр 13th, 2021439
Стрезоски: Додека Заев ги полни батериите, Македонија ги полни гробиштата!
Глас од истокот

Стрезоски: Додека Заев ги полни батериите, Македонија ги полни гробиштата!

Апр 13th, 2021438
Архива на статии
ГАЛЕРИЈА
Кафе уметност 03
Трудници и животни 14
floor jansen 11
received 1609445665857142
31-12-2017-1514717899
received 418301492285220
glamour 006
Floor Jansen 24
22-03-2018-1521721188
Dog faces 017
dan stevens 11
57703299 417191752410733 6718897385885401088 n
sophia loren 19
Наш Instagram дом
Прогноза за цената на лубен Прогноза за цената на лубениците за претстојната сезона?!?
Во едната рака земи грст сол и стави ја во чаша полна со вода. Водата ако ја испиеш ќе биде горчливо-солена.
Во другата рака земи исто толку сол и расфрлај ја во водата на блиското езеро... ако ја вкусиш водата на езерото солта нема воопшто да ја забележиш.
Болката и среќата се секогаш присутни во нашите животи.
Од тебе зависи дали ќе бидеш чаша или езеро.
Гордост е да си Македонец... Гордост е да си Македонец... и обврска и привилегија... и проклетство и радост...
Документарен филм за Божествената природа на Тоше Проески.
Тотална саботажа Тотална саботажа
Денеска целото членство гласа.
ДА🤔
НЕ☠
Светски класик кој ден дене Светски класик кој ден денес делува футуристички
Повеќе... Наш Instagram дом

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.