“Нов увоз на струја и ново “херојско” грабање народни пари. Имено за само 4 дена во Декември, АД ЕСМ авансно ќе плати околу 6.000.000€ за увоз на струја. Дневно, авансно и “херојски” ќе потроши по 1.500.000€ за увоз на струја.
Криминалот и неспособноста на “хероите” во владата за само 27 дена од 7ми Ноември до 4ти Декември оваа година ги чини граѓаните точно 28.719.253€.
Нема за студентски оброк но затоа има да се полнат џебовите на “хероите” во владата со пари од народот.
Авансно плаќаат со народни пари за авансно да добијат провизии. Одговорност ќе има!!!”
-реакција на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упатена преку социјалните мрежи.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово