Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ во континуитет го повикува Министерот за земјоделие, шумарство и водостпанство Љупчо Николовски на дебатно соочување за да разговараат пред целата јавност а најмногу пред земјоделците за политиките кои што ги спроведува актуелната влада во овој сектор.
“Наместо да се препукуваме преку статуси, ајде Љупчо собери храброст и излези на телевизиско соочување, па земјоделците сами нека заклучат кој работи во нивен интерес, а кој на нивна штета.
Јас сум човек кој отворено разговара за проблемите и предизвиците. Никогаш не сум бегал од соочување со факти и аргументи.
П.С. По петти пат бегаш од дебата, дај овој пат охрабри се, одбери телевизија, време и доаѓам.”
-соопшти Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Со законски измени стимулираме изградба на дата центри во Македонија
Лишени од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола, од кои пет малолетници, четворица под дејство на алкохол и двајца возеле без дозвола и под дејство на алкохол
Пронајдени повеќе парчиња нелегална муниција каj жител на с. Ќоселари во општина Лозово