БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски: “Жителите на Македонска Каменица се загрижени за својата иднина”

Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, попладнево беше во посета на малото рударско градче во источна Македонија, Македонска Каменица.

На средбите со граѓаните и средбата со членовите и активистите на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски се запозна со актуелните проблеми со кои што живеат жителите на Македонска Каменица впрочем како и жителите на сите општини од Источниот (Брегалнички) регион.

Во продолжение еве што напиша Мицкоски во врска со посетата на Македонска Каменица:

Бев во Македонска Каменица.

Убав македонски град, со срдечни и честити луѓе, загрижени за својата и иднината на нашата земја. Им реков дека власта ја посипа земјата со црнила, а народот го оковаа со омраза, со гнев.

Направија да се гледаме низ нишан, нишанот на одмаздата. Владеат со страв и одмазда, наместо со работа и проекти.

Животот кој толку многу го ветуваа го заменија со црнила. Ветуваа живот за сите, испорачаа црнила за сите.

Имаме премиер кој бега од дебата, а бега затоа што:
-Црн е животот на докторите. Им ветуваа на докторите плата од 1500 евра, и нема ништо од тоа.

-Црн живот и за матичните лекари. Капитацијата што им ја ветуваа им ги изедоа трошоците на владата за набавка на жардињери и цвеќиња, па нема зголемен бод.

-Црн е животот на младите. Ветуваа студентски град, нови објекти, квалитетно образование. Ништо од тоа нема.

– Нема Стопанска комора, нема бизнисмен кој се фали. Црно до црно. Повратот на ДДВ касни, зголемените даноци ќе ги зголеми трошоците за бизнис.Домашното стопанство е во криза.

-Црни денови се и за пензионерите. Нема покачување на пензиите, напротив се по некое намалување или кратење ќе се случи.

-А можеби најцрн живот живеат земјоделците. Зголемувањето на даноците директно удира на поскапото производство кое ќе ја изеде и така малата заработувачка.

Луѓето ќе трпат за леб, а маката преку целата година нема да може да им се исплати. Нема земјоделец кој сега е задоволен, со повисоките и скрени даноци ќе се направи крах на земјоделството во Македонија. Македонија од земјоделска земја ќе се претвори во уништена земја.

Причините за овие црнила имаат име и презиме тие се викаат Зоран Заев и оваа корумпирана влада и затоа премиерот бега од дебата.

Креирано од:


Пренеси го гласот