БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Миле Петков: Ќе го уредиме коритото на Виничка река во три фази

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска кандидатот за градоначалник на општина Виница Миле Петков од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија на прес конференција во јавноста афирмираше еден од најзначајните проекти во неговата предизборна програма. Станува збор за изградба на регулација и уредување на коритото на Виничка река во градското подрачје на Виница.

“Дозволете да Ви презентирам уште еден од приоритетните проекти за кој се обврзуваме дека ќе го реализираме.

✅ Уредување на речното корито на Виничка река.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Реализацијата на овој проект ќе значи многу за граѓаните во овој дел од градот, но исто така Виничани ќе добијат ново место за рекреација.Овој проект го предвидуваме во три фази ⤵️

1️⃣ Фаза – на потегот од мостот кај градскиот парк до новата локација за автобуска станица.

2️⃣ Фаза – на потегот од мостот кај Месната заедница до Горна чешма.

3️⃣ Фаза – на потегот од Горна чешма до м.в.Ширината.👉 Веднаш ќе пристапиме со изготвување на Детален урбанистички план за м.в. Ширина каде во иднина предвидуваме нов градски парк што ќе биде целина со веќе постоечкото излетничко место Свет крст.Со проектот предвидуваме ⤵️

➡️ Уредување на речното корито, а на месноста Ширина изградаба на мини акумулација, која летниот период ќе се користи за наводнување на паркот, а за време на верскиот празник Водици место за положување на Светиот крст.

➡️ Озеленување и пошумување на просторот од реката до Светиот Крст.

➡️ Пешачка патека.

➡️ Клупи за одмор.

➡️ Летниковци за пикник.

➡️ Изградба на мал отворен амфитеатар.

➡️ Детски парк со реквизити.

#ЗнаемеКакоИмамеПлан #СоздадиНоваИднина #ПромениПроектиПобеди #ЗаокружиБрој7″

-соопшти Миле Петков-кандидат за градоначалник на Виница од ВМРО-ДПМНЕ на денешнета прес конференција.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace