На својот интернет сајт дудинка.мк познатиот Македонски новинар Миленко Неделковски излезе со повик кон партијата ВМРО-ДПМНЕ. Неговиот коментар го пренесуваме во целост:
Господа од ВМРО ДПМНЕ, Повелете да побарате и изнудите предвремени парламентарни избори. Ова зло мора да се сруши и стави во затвор. Имате народ, не само ваши членови, што масовно ќе гласа за рушење на оваа власт.
Изборите мора да се по “Пржински” модел.
Разочарувањето од економијата и бедата, од судството и администрацијата, од крадењето на Анѓушев и кланот Заеви, од договорот со Бугарија и двојазичноста, од “преспанскиот” договор и најновово денешно фалименто со ЕУ се многу повеќе од “бомбите” со кои Заев ве сруши. Доколку сакате да ја водите државата, сега е време да ја побарате довербата од народот. Ова вака веќе не оди.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи