Пратениците Антонио Милошоски, Миле Лефков, Тимчо Муцунски со претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Мирче Стојков во Кочани со дел од раководството на опозициската партија во оваа општина денеска имаа своја работна агенда преку состаноци со бизнис заедницата.
За медиумите Милошоски во врска со оваа посета на Кочани ја даде сл. изјава:
“Денес сме заедно со колегите Миле Лефков и Тимчо Муцунски во посета на Кочани, каде што најголем дел од времето ќе го посветиме на средби со стопанствениците.
Бидејќи она што во последниот период не загрижува најмногу се две работи, а тоа е преголемото задолжување кое што државата го прави во изминативе четири години и оди на товар на Буџетот и на стопанството. И втората работа е сериозната закана од инфлацијата која што веќе ни се случува. Тоа значи обезвреднување на парите. Оној кој што можел со 1.000 денари да купи нешто во декември минатата година, оваа година ќе му вредат тие пари за 200-250 денари помалку. И за тоа сметаме дека стопанството е под голем притисок и во самата општина Кочани, и би сакале да ги сослушаме стопанствениците за да можеме да добиеме некакви предлози и идеи за преку Собранието да им се даде сериозна помош, истакна Милошоски.
За да не биде ваквото безцелост задолжување да продолжи во иднина, да оди само на нови непродуктивни вработувања или на некакви коруптивни тендери, а да нема за возраст ништо за стопанството и за граѓаните.”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево