БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Од сите криминали во државата, Русковска се зафати преку тужби да си ја лечи душевната болка

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски убати своја реакција во врска со константниот политички прогон кој го прави обвинителството и судските органи селективно кон опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Реакцијата се однесува на случајот во кој обвинителката Русковска ја тужи опозициската партија за нанесена душевна болка со предозборниот видео спот во кој фигурира Русковска во негативна конотација:

“Доаѓаат изборите, и нормално се зголемуваат и политичките притисоци, како и нарачките во обвинителството и судството.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ако не е јасно зошто никој не се занимава со сузбивање на организираниот криминал, тоа е поради тоа што истите луѓе се занимаваат со политички прогон.

Тужбата на Русковска за видео спот од кампањата за парламентарните избори која ја загуби во прв степен, Апелациониот суд ја враќа на повторно одлучување. Апелациониот суд очигледно ја уважува “душевната болка и претрпен страв” од спот, во исто време кога кај народот душевна болка е тоа што наместо вакцини бркаа провизии, тоа што светски мафијаши се уште хараат низ Светот со пасошите на Спасовски, тоа што парите од рекетот никогаш не се дозна каде завршија, тоа што нема пари за лекување на граѓаните, а има за милионска противпожарна скала на Шилегов.

Ако мислат дека ќе не исплашат, се лажат.

Ако мислат дека ќе победат, дебело ќе загубат!

Правдата ќе ги стигне и нив.”

-напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на фејсбук.

https://www.facebook.com/829371753904952/posts/1869925539849563/

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace