БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мимоза Рајл: Не сум антиваксер и мислам дека терминот е крајно навредлив да се дава на луѓе кои бараат одговори!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Се шпекулира информацијата дека веднаш по локалните избори ќе се засили притисокот за вакцинација против Ковид 19 и дека таа ќе биде задолжителна! Јас би сакала доколку ова е точно тие кои ќе притискаат да ми одговорат на следниве прашања:

1. Колкава е смртноста (јас водам мое истражување);

2. Колку трае имунизацијата по вакцинацијата; – бројките се поразителни

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

3. Дали вакцинираните повторно можат да заболат од овој вирус? Што мислите? Скоро сите!

4. Дали вакцината штити од нови мутации;

5. Колку често ќе мора да се вакцинираме доколку претходниот одговор е негативен?

Не сум антиваксер и мислам дека терминот е крајно навредлив да се дава на луѓе кои бараат одговори! На пр. мислам дека вакцината од беснило има спасено милиони животи, па плукањето на Луј Пастер е неодржливо! Во сериозни медицински списанија во Западна Европа, излезе научен труд од Професорот д-р Паул Отиф од Универзитетот во Филаделфија за вакцината како и што сѐ една вакцина мора да помине за да со сигурност тврдиме дека е сигурна, ефикасна и дека дава резултати (стекнување на имунитет). Неговиот труд започнува со реченицата – Развојот на вакцината е ДОЛГ И СЛОЖЕН ПРОЦЕС! Процесот трае 10-15 години! Значи години не денови ниту месеци!

1 фаза е истражувачка фаза која се работи во лабораторија и трае 2-4 години! Тука се утврдуваат точните антигени кои можат да бидат слични на вирусот. Со еден збор се утврдуваат точните параметри во истражувањето.

2 фаза е претклиничка фаза и тука се користат експериментални животни за развој на вакцината. Се утврдува безбедноста, имунигеноста или способноста на вакцината да предизвика имун одговор (да создаде антитела). Животните кои се користат се пацови, глувци и мајмуни. Тука се согледува клеточниот одговор кој би можел (но немора) да се очекува и кај луѓето. Во оваа фаза се истражува дозата и начинот на примена. Тој вели дека многу вакцини ТУКА го завршуваат својот пат. Оваа фаза трае од 1-3 години!

3 фаза – истражување на хумани субјекти.

Оваа фаза има три под фази:

3.1. Вакцината ја примаат 20-80 луѓе со цел да се утврди безбедноста и имуниот одговор;

3.2. Вакцината се тестира на различни старосни групи, хронично болни, здрави и на т.н. контролна плацебо група;

3.3. Вакцината се тестира на 1.000 до 100.000 луѓе! За да вакцината може да ја помине оваа фаза, таа мора да е ефикасна на 60.000 луѓе! Ако вакцината ја помине оваа фаза успешно, дури тогаш се поднесува Барање за дозвола до Федералната администрација за контрола на лекови во САД! Паралелно и до ЕМА во Европа! Овие две агенции имаат обврска да спроведат независни истражувања во врска со квалитетот на вакцината, безбедноста, ефикасноста.

Доколку овие две агенции кои постојано ја истражуваат вакцината дадат зелено светло, дури тогаш вакцината добива дозвола за широка примена! Се дотогаш, секој кој примил вакцина се наоѓа во животна опасност!

Пишува: Мимоза Рајл

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace