Во текот на ТВ дуелот на ТВ 24, меѓу потпретседатлот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Министерот за надворешни работи Никола Димитров, беа обелоденети низа на наводи за вклученост на актуелни владини претставници во случаи поврзани со рекет.
Александар Николоски на вчерашниот дуел истакна дека досега во сите корупциски скандали во јавноста има инволвирани лица директно од власта.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека постојат сознанија дека е направен обид за рекет на бизнисмен, нерезидентен амбасадор на некоја од државите на ЕУ кај нас и за тоа е информиран министерот за надворешни работи.
Тоа Димитров го демантира и кажа дека не е точно.
Николоски кажа дека има документи за тоа, но Димитров негираше. Николоски кажа дека се со цел да не наштети на државата не објавува имиња, но минимум еден почесен конзул бил предемт на уцена или рекет. По ова министерот за надворешни работи почна да паничи велејќи дека нема ништо со Рекет.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!