Го промовираме нашето македонско вино пред Европа и светот. На саемот за вино Винитали 16 македонски винари со 70 различни етикети ќе имаат можност да се претстават и да ја покажат важноста на македонската традиција.
Прва земја сме во регионот, а 29 во светот по извозот на вино. Трета година по ред бележиме зголемување кај извозот на флашираното вино. Токму затоа е важна саемската промоција. Од 2017 година до денес за поддршка на винариите за учество на меѓународни саеми, како министерство сме издвоиле повеќе од 1 милион евра, со цел да бидеме како земја уште подобро запознаени и високо позиционирани на светската винска карта.
-фејсбук статус на Министерот Љупчо Николовски

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола
Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово
Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене