Претседателот на партијата “Домовински покрет” Мирослав Шкоро која што е трета политичка сила во Хрватска денеска поднесе неотповиклива оставка на својата носечка функција во партијата како и на сите останати политички функции.
Ваквата своја одлука популарниот пејач-патриот кој што им ги замрси политичките калкулации на двете водечки партии во Хрватска (ХДЗ и СДП) ја темели на своето убедување дека партијата “Домовински покрет” треба да ја продолжи својата успешна работа со ново раководство.
“Горд сум што успеавме да формираме политичка партија која хрватскиот народ ја препозна како опција која сака, може и знае да ги заштити хрватските национални интереси, вредностите кои се втемелени во нашите државни и народни темели. Ми беше особена чест и најискрено ви се заблагодарувам на укажаната доверба, која ја добив да бидам прв претседател на “Домовински покрет”. Во нешто повеќе од година дена од основањето на нашата партија, со заеднички сили остваривме големи успеси на државните и локалните избори, наметнувајки се со потврда на волјата на гласачите како трета сила и трета опција во Република Хрватска.”
Притоа Мирослав Шкоро најави дека и понатаму ќе остане верен член на оваа партија и ќе учествува во нејзината работа со сите пропратни активности.
“Вредеше”, напиша на крајот на своето соопштение за својата оставка популарниот хрватски пејач и патриот.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Оваа наставничка е расадник на Македонизмот во Хрватска: Води настава со десетици дечиња од Хрватска и Македонија каде се изучува Македонскиот јазик
Обединетите Арабски Емирати со драстични контра мерки против Франција за апсењето на Павел Дуров
Лавина за Камала Харис: Се повеќе членови на Демократската Партија во САД застануваат зад кандидатурата на Доналд Трамп