БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во душата му е да ги крши Уставот: Заев бара начин да го избегне законскиот рок за одржување на Локалните избори

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Зоран Заев својата улога на дежурен кршач на Уставот на Република Македонија и понатаму ја бетонира својата несреќна улога во актуелното политичко секојдневие.

Најнов обид во таа насока е најавата на Зоран Заев дека Локалните избори ќе ги пролонгира кон крајот на месец октомври, иако уставната обврска е Локалните избори да се одржат во првата половина на октомври.

Оваа негова најава во обид за кршење на јасно предвидените рокови за одржување на локалните избори ја правда со одржувањето на Пописот чии што активности ќе се преклопеле со текот на предизборната кампања.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За ваквиот негов обид денесека од партиското седиште свој став истакнаа и од ВМРО-ДПМНЕ:

“Секогаш пред изборите партиите преговарале за датумот на одржување на изборите и за препораките на ОБСЕ и ОДХР.

Тоа што Заев денес изнесува датум за одржување на изборите без претходна консултација со останатите политички партии уште еднаш го потврдува фактот дека Заев стравува од одржување на локалните избори, стравува од судот на народот и бара начин истите да ги одложи. Исто така, Уставот е над се’ и во оваа држава Заев треба ја прекине праксата на кршење на Уставот на Република Македонија кој патем јасно утврдува дека мандатот на градоначалниците истекува пред датумот кој Заев го нуди како можен датум за локалните избори. Односно, согласно Уставот локалните избори треба да се одржат до средината на месец октомври.

Ако неговиот аргумент е одржувањето на пописот, тогаш Заев може да го одложи пописот за месец ноември и со тоа ќе се испочитува Уставот.”

-вели Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace