Во интервју за МИА и специјалниот дописник на МИА во Вашингтопн Цветин Чилиманов, Македонскиот премиер Христијан Мицкоски зборува за повеќе актуелни прашања кои гравитираат околу целите на посетата на САД од страна на Македонската делегација предводена лично од Премиерот Мицкоски.
Помеѓу актуелните прашања кои се од интерес на јавноста е и прашањето околу плановите на владата за воспоставување на решителни чекори кон остварување на главните стратешки мерки и активности за подигање на економската активност во Македонија врз основа на трите стратешки правци: инфраструктура, енергетика и висока технологија.
МИА: Ги спомнавте податочните дата центри. Има и критики во Македонија дека центрите многу предизвикувале бучава, трошеле вода. Спомнавте неодамна дека сте во разговори за развој на вакви центри со компанијата Рамбл на Крис Павловски која неодамна склучи голем договор во АИ индустријата. Дали сте во разговор и со други компании и што би можеле локалните заедници и економијата во целина да очекуваат од изградбата на овие центри?
Христијан Мицкоски: -Тоа е процес кој е неповратен. Човештвото ќе се движи во таа насока. Секој кој што има дилема тука не и мисли добро на сопствената држава. Прашањето е како да го канализираме овој процес и да извлечеме максимум од него. Го спомнавте Крис Павловски и Рамбл – тие сега направија аквизиција, купија компанија во Германија и сега се компанија од околу пет милијарди долари. Тоа е една сериозна групација која сериозно се развива. Да, разговараме со него. Меѓу другото имаме уште пет други компании со кои што разговараме. Сите кои не се разбираат во високата технологија зборуваат за бучава, за водено ладење. Ние сега имаме и воздушно ладење, и фреонско ладење, така што жалам што се уште кај нас постојат и такви политички сили и елементи кои што се обидуваат да не вратат повторно во некои времиња на 19, почеток на 20 век, мислејќи дека на тој начин по пат на емоција ќе привлечат внимание, но мислам дека се политички губитници и ќе бидат поразени бидејќи македонските граѓани сакаат да ја видат државата како оди напред. Оваа Влада има јасен план кој што може да го објасни на една страница. Во животот, во политиката, најважно е тоа што може да го кажете со малку зборови, што можете едноставно да го објасните, за луѓето де ве разберат. Што е главната цел на оваа Влада? Економски развој кој што ќе се темели на три столба – инфраструктура – патна и железничка. Енергетска инфраструктура, производни капацитети и преносни системи. Трето – висока технологија меѓу која се и податочните, дата центри, но и диверсификација на преработувачката индустрија бидејќи најголем дел од нашите инвеститори кои се дојдени од странство во периодот 2008 – 2012 година се во автомобилската индустрија. Таму работите се менуваат, и работиме на диверсификација на ова портфолио. Ова е практично стратегијата на оваа Влада и се што правиме и работиме е во таа насока – како економски да го забрзаме развојот. Затоа што веќе трудово интензивната индустрија ние веќе нема да можеме да ја сервисираме во иднина, имаме се помалку работна сила. На нас ни треба високо технолошка индустрија, со голема додадена вредност, со која што ќе го зголемиме бруто домашниот производ, и ќе го зголемува стандардот на граѓаните. Овој процес нема да биде за еден мандат. Ова е процес кој што треба да трае 2-3-4 мандати. Не велам дека оваа Влада ќе биде толку долго, ниту пак јас пледирам да бидам претседател толку долго во Владата. Но во суштина ова треба да биде национална стратегија, како треба да се развива државата. Овој процес е неповратен. Човештвото оди натаму и впрочем ние денес без вештачка интелигенција и некои податочни центри кои што некаде функционираат веќе не можеме да направиме ниту телефонски повик преку мобилен телефон.
Дали Владата би можела да гарантира дека овие центри за кои се разговара би биле од нов вид, со затворен круг на разладување кои не трошат многу вода?
-Апсолутно.
За да функционираат овие економски стратегии, потребни се договори за трговија. Има ли нешто ново на тој план со САД?
-Ние рамката ја дефиниравме. Условите се поставени, останува уште формално потпишување меѓу нашето МНР и нивниот трговски претставник и нивната Влада. Рамката е договорена, условите веќе функционираат. Ние имаме навистина најдобри услови во регионот.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар